Едрилица се преврте на Охридското Езеро, полицијата безбедно ги врати трите лица на копно

Од:

Полицијата за граничен надзор „Охридско Езеро” денеска интервенираше за спасување при ситуација со превртување едрилица во езерските води.

Интервенцијата следувала откако претходно околу 17:45 часот во СВР – Охрид било пријавено за превртен пловен објект во водите на Охридското Езеро кај Дебрчка плажа.

Околу 18 часот пловниот објект е пронајден два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица – катамаран на која имало три лица.

Како што информираше Стефан Димовски, портпаролот на СВР – Охрид, лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.

Екипите на Езерската полиција го вратиле превртениот катамаран во пловна состојба, а лицата се пренесени на копно, до сместувачкиот објект.

Би можело да ве интересира

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски

Кац: Активистите од едрилицата „Мадлин“ ќе бидат принудени да гледаат видеа од злосторствата на Хамас

Горан Наумовски