Две момчиња се скарале за девојка, едно момче е рането со нож

Од:

Полициски службеници го уапсиле Н.Г.(18) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка.

Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош.

Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени тројца Албанци кои избодеа Србин на Косово

Горан Наумовски