Двајца загинаа во сообраќајка на излезот од Битола кон Прилеп

Од:

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на излезот од Битола, на магистралниот пат што води кон Прилеп.

МИА дознава дека во сообраќајката, евидентирана во 16.15 часот, учествувале две патнички возила со битолски и прилепски регистарски таблици, а животот го загубиле две лица.

Сообраќајот на патниот правец Битола – Прилеп во непосредна близина на бензинската станица „Пелагонија“ е во прекин се додека не заврши истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа и возилата се пренасочуваат на околните патишта.

Би можело да ве интересира

Скопскиот аеродром повторно во нормала, но маглата предизвика осум откажувања

Горан Наумовски

Скопје авионски се поврзува со Барселона и Лион