ДР-ДПА: По 11 декември административците ќе бидат заштитени со Закон

Од:

Движење за реформи-ДПА, реагира на обидот за злоупотреба на јванта администрација за обезбедување масовност на партиските јавни собири. Каков што беше вчерашниот собир на ДУИ во Чаир.
ДР-ДПА смета дека ваквата злоупотреба на јавната администрација е нехуман, неполитички и неетички акт.

-Иако ДУИ се фали за поддршка на 16.000 административци, вчера во Чаир видовме само 1.000 млади, но се поставува прашањето, колкаво ќе беше учеството ако за овој собир немаше условувања или закани?, прашуваат од партијата.

ДР-ДПА смета дека новата Влада во која ќе учествува, треба да донесе суштинските промени во тој однос и да овозми ослободување на јавната администрација од канџите на партискиата злоупотреба за ниски цели.

Од ДР-ДПА наведуваат дека ќе ги имплементираат потребните законски измени, со цел државните службеници да го зачуват интегритетот на работното место, слободата на убедување и изборот.

ДР-ДПА апелира Албанците да не ги навредуваат младите кои вчера присуствуваа во салата во Чаир.

„Треба да имаме разбирање дека мнозинството од нив беа „поканети“со закана дека ќе бидат отпуштени од работното место, или нема да добијат унапредување во кариерата. А пак тие кои отидоа со слободна волја, имаат право на свое политичко убедување и да бидат слободни и по доаѓањето на ДР-ДПА на власт да учествуваат на собирите на опозициската ДУИ, по 11 декември“, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Младите на ДПА – Движење за реформи бараат одговорност за настаните на 27 април

Ана Ололовска