Дојава за бомба во два трговски центри во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговските центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје.

Вработени во Ист гејт изјавија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите.

-Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР.

„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби“ информираа од полицијата.

Ова е прв пат дојави за бомби да има за двата најголеми скопски трговски центри во недела, кога очекувано најголем дел од граѓаните пазарат таму бидејќи во другите продавници е неработен ден.

Би можело да ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Лажна дојава за поставена бомба предизвика паника во Техничкото училиште во Нов Белград

Горан Наумовски

Дојави за бомби во основни училишта во Скопје и Куманово

А1он

Драма пред кошаркарскиот натпревар Србија – Финска, дојава за бомба, вонредна состојба и блокада на салата

А1он

Дојава за бомба во канцеларијата на Томашевиќ, половина од зградата евакуирана