Дискусија „Предизвици и патокази за младинската вклученост во Македонија“

Од:

Дискусија „Предизвици и патокази за младинската вклученост во Македонија“ денеска ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот, во организација на Млади инфо интернационал.

Според организаторот, акцентот ќе биде ставен на социјалната, економската и политичката младинска инклузија, а ќе се разговара и за националните приоритети и идните чекори што треба да се преземат. Учесниците ќе зборуваат и за формирање регионална мрежа на младински банки.

Поголема вклученост на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво се едни од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и Турција.

Она што е заедничко за овие држави покрај кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и креирањето јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамки на едно општество.

Би можело да ве интересира

Панел дискусија „Отпорноста на државите од Западен Балкан“

Ана Ололовска

Дебата за евроатлантскиот процес на Македонија и политичката криза

Ана Ололовска

Предавање за еднаквоста помеѓу жените и мажите

Ана Ололовска

Проект за набљудување на процесот на реформи на јавната администрација

Ана Ололовска

Изложба за 95 години од раѓањето на Александар Дубчек

Ана Ололовска

„Неправдата е штетна по вашето здравје“

Ана Ололовска