Димитриевски: Излези Венко на тв дуел со мене, викни го и Заев напомош

Од:

Лидерот на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција рече дека добивал пораки од членови и поддржувачи на партијата кои биле повикувани на разговори, предупредувања и притисоци, како што вели, под директива на Венко Филипче и сегашното раководство на СДСМ.

-Наместо визија, тие нудат страв. Наместо идеи – уцени. Наместо дебата – хајка. Но, јас Ви ветувам и оттука јасно Ви порачувам, овие тактики ќе Ве поразат, но нема да ја поразат Македонија. Нема да успеете! ЗНАМ не се плаши. Нашите членови не се плашат. Македонија нема да се плаши! Секој обид за заплашување само ја зајакнува нашата борба. А тоа е Вашиот страв, затоа што знаете дека народот повеќе не Ви верува, дека ЗНАМ расте, а Вашиот систем се распаѓа, рече Димитриевски на прес-конференцијата.

Тој кажа дека пред една недела го повикал лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ТВ-дуел, да ги соочат аргументите и да зборуваат отворено пред народот, за, како што вели, она што ни е најсвето – нашата држава, нашиот идентитет, нашата иднина.

-Седум дена поминаа од тогаш. Седум дена молк. Седум дена тишина – таму каде што требаше да има храброст. И тоа кажува сè. Затоа што, кога ќе молчиш за вистината – молчиш и за Македонија. А ние, во Движењето ЗНАМ, нема да молчиме. Нашата должност е да зборуваме, да предупредуваме и да браниме, кажа Димитриевски.

Тој потсети дека пред извесен период ЗНАМ ја претстави Националната платформа за заштита на македонските национални интереси, каде што, посочи, не ги ставиле партиските интереси, туку историја, чест и иднина, Крушевскиот манифест, АСНОМ, нашата вековна борба за држава и за јазик.

-Таа платформа ја испративме со почит, со надеж дека ќе биде почитувана. Но господата од СДСМ ни ја вратија – неотворена. Не ја прочитаа. Не ја допреа.
Не ја почувствуваа. И истите тие се дрзнуваат да зборуваат за „црвени линии“. А линиите што тие ги влечат – се линии на поделби, на отстапки, на
целосно распродавање на македонските интереси. Јас не сум човек што молчи. Јас сум човек што го сака својот народ и својата татковина, рече Димитриевски.

Тој го повика лидерот на СДСМ Филипче да излезе на дуел и да зборува пред народот, на место коешто тој ќе го избере.

-И затоа, Венко, повторно денес те повикувам – излези, соочи се, зборувај пред народот! Избери медиум, избери време, избери место! Како помош и логистика земи го со тебе и твојот ментор Зоран Заев, дури ако сакаш – може да се соочиме и на Бихаќка – биди опкружен и со 200 партиски активисти околу тебе – од кои најголемиот дел секојдневно вртат кај нас во ЗНАМ и бараат спас од вашите небулозни чекори. Знам дека е тешко да се излезе од луксузот во кој живееш, лесно е да се ужива под сонцето на Дубаи, да се возат мотори и да се плови на јахти, но Венко – има нешто поважно од сето тоа. Овојпат не се работи за комфор и забава, овој пат станува збор за Македонија! Одважи се, покажи доблест, излези и погледни му на народот во очи!, кажа лидерот на ЗНАМ.

Димитриевски посочи дека немаме резервна татковина и оти ЗНАМ ќе ја брани државата со разум и визија.

-Оваа земја – нашата земја – ја наследивме со жртви, со крв и со борба! Нашата должност е да ја чуваме, да ја надградуваме и да ја оставиме подобра на нашите деца. Македонија, почитувани, не е збор. Македонија е чувство. Македонија е погледот на секој граѓанин што плаче под знамето. Македонија е секој човек што верува дека оваа земја може подобро. И додека има луѓе што ја чувствуваат така – нема да исчезне, нема да се предаде, нема да се продаде. Ние во ЗНАМ нема да дозволиме никој повеќе да ја гази таа љубов. Ќе ја браниме Македонија со разум, со срце и со визија. Ќе ја браниме со работа, со чесност и со обединетост, посочи Димитриевски.

Прашан во однос на црната кампања за локалните избори, лидерот на ЗНАМ посочи дека партијата не учествува во црни кампањи, туку води максимално позитивна кампања и оти на тој начин ќе продолжи да ја бара довербата на граѓаните.

-Демократијата се тренира, но сепак треба да излеземе од старите стереотипи и да се насочиме кон иднината, граѓаните од нас очекуваат одговорност, а негативната кампања мислам дека носи само негативни чувства и не враќа на тоа што било лошо во одредени времиња во кои сите политички елити кои минаа низ оваа држава и имаат своја одговорност, рече тој.

Вели дека ЗНАМ е добро прифатена меѓу граѓаните и оти имаат одлична соработка со нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, а што се однесува до кампањата во Куманово, посочи оти оди одлично и оти имаат резултати со над 800 реализирани проекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија

Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи уште во првиот круг на овие избори