Димитриеска – Кочоска: Кога немате аргументи немојте да ми извртувате зборови

Од:

„Додека ме напаѓате по различни основи, јас работам со факти кои за жал на сите нас се многу тажни. Извештајот на ММФ говори за погубните политики кои изминатата влада на СДС/ДУИ ги спроведуваше без око да им трепне“ пишува на Фејсбук министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска.

Министерката пишува дека „Јавниот долг поради нивното неразумно трошење достигна едно катастрофално ниво, па владата на ВМРО-ДПМНЕ мораше да прави чуда задолжувајќи се со кредит со најниски стапки во историјата на државата и да “гаси пожари” буквално на сите “фронтови”, додека земјите од регионот успешно се консолидираа и го контролираат нивниот јавен долг. Воедно, ниското ниво на капиталните расходи во времето на СДС/ДУИ направија да имаме лоши оценки и во тој дел, а немаме никаква реализација на ниту еден проект од тоа време“.

Таа посочи „Затоа, следен пат кога немате аргументи немојте да ми извртувате зборови. Ако сакате да бидете конструктивна опозиција треба да разговараме со факти, без оркестрирани лаги и лажната емпатија кон своите сопартијци“.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно

А1он

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Димитриеска-Кочоскa: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард

А1он

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

А1он

Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи, во претстојниот период поголема реализација на капиталните инвестиции

А1он

Димитриеска Кочоска: Имаме проблем само со една компанија која директно зависи од извозот во САД и сега тој проблем го решаваме

А1он