Денот на Републиката – 2-ри Август, Илинден, свечености и присуство на владини делегации на неколку локации

Од:

Свеченостите по повод Денот на Републиката – 2 Август, Илинден, во Скопје започнуваат во 10:00 часот пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев. Таму свежо цвеќе ќе положат Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и владина делегација составена од министрите за труд и социјална политика, за финансии и за дијаспора, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми.

dobivaj vesti na viber

Потоа, во 10:30, истата делегација ќе се поклони и ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто.

На крајот, односно во 10:45 свое обраќање ќе има Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Празникот ќе се одбележи и во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, со почеток во 11:00 часот. Свежо цвеќе ќе положи владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а во чиј состав ќе биде вицепремиерот и министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите за надворешни работи, за правда и за култура, Никола Димитров, Рената Десковска и Асаф Адеми.

Во 11:30 часот е предвидено обраќање на Премиерот Зоран Заев.

Свеченоста во Пелинце ќе биде збогатена и со културна програма. Свој настап ќе има хорот Вардар, ансамблот Танец ќе изведе неколку традиционални македонски ора, додека културно уметничко друштво Емин Дураку, ќе изведе сплет од албански песни и ора.

На Мечкин Камен, во Крушево, Денот на Републиката и државните почести по повод годишнината ќе ги одбележи Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Во 09:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, а во 10:00 часот на Споменикот на хероите – Слива. Точно напладне, односно во 12:00 часот, ќе биде положено свежо цвеќе на Мечкин Камен, по што следува обраќање на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

На Мечкин Камен, ќе присуствува и Владина Делегација составена од Заменик на Претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, Горан Сугарески, за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и за здравство, Венко Филипче.

Илинден ќе се слави и во Смилево. Таму се обележуваат 115 години Илинден и 76 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“ – Ослободување на Смилево. По тој повод, во 09:00 часот свежо цвеќе ќе биде положено на три спомен обележја: могила на Даме Груев – обелиск, на споменикот на Смилевските илинденци – обелиск и на спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“.

Во Смилево, Владата ќе ја претставуваат министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, заменик – министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски.

Би можело да ве интересира

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска

„Победа за сите“ – заеднички лајтмотив на чествувањата во Крушево, Пелинце и Скопје

Ана Ололовска

Денот на Републиката неработен за сите граѓани

Ана Ололовска

Одбележувањето на двата историски Илиндена без масовни собири и со здравствени протоколи

Ана Ололовска

Охридскиот кризен штаб за празничниот викенд најавува засилени контроли, препорачува придржување до заштитните мерки

Жарко Настоски