Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината.

Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со локална облачност

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево со мала облачност

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер