Денеска сончево со локална облачност и максимални 35 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во четврток ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер.

Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во недела, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи