Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Од:

Министерството за труд и социјална политика објавените текстови по втор пат оваа година ги смета за уште една партиски осмислена груба лага и манипулација со најранливата категорија на лица во Република Македонија – лицата со попреченост.

Министерката Ташевска-Ременски, ниту попречила проекти на МТСП во интерес на граѓаните на Република Македонија, а најмалку на децата со попреченост. Напротив, прави максимални напори тие дословно да се реализираат и да престане партиската пропаганда со лицата со попреченост и нивна злоупотреба во цели кои се во интерес на грст манипулатори.
До Владата на Република Македонија, во мандатот на министерката Ташевска-Ременски почнувајќи од 2.2.2016 година, заклучно со август 2016 година, уредно е доставена и усвоена информација за прогресот на проектот.

Министерството за труд и социјална политика, преку ЈУ Завод за социјални дејности –Скопје, како реализатор на проектот до сите центри за социјални работи во Република Македонија достави барање за евидентирање на заинтересирани корисници за услугата бесплатна рехабилитација и рекреација. ЈУ Завод за социјални дејности врз основа на следење на реализацијата и добиени податоци од ЦСР во периодот 28.03-30.03.2016 година информира дека бројот на заинтересирани корисници изнесува 102 деца од 20 Центри за социјална работа.

Од 1.6.2016 година, услугата на бесплатна рехабилитација и рекреација ја искористиле 14 деца со умерена интелектуална попреченост и комбинирани пречки во развојот од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

Според добиените информации од ЈУ Завод за социјални дејности, сите претходно евидентирани корисници се откажале од услугата заради различни причини:
– нарушената здравствена состојба на корисниците или придружникот
– неможност за ослободување на родителот од работното место за 5 дена
– вклученост на корисници во образование
– оддалеченост на установата во која се спроведува услугата од местото на живеење на корисниците
– неможност за обезбедување на придружник поради обврски и грижа за останатите членови на семејството условите во установата во која се спроведува услугата.

Поради намалениот интерес на корисниците, намалување на бројот на пријавени и откажување на услугите од веќе пријавените корисници, Министерството, испрати допис до сите Центри за социјална работа во кој се известуваат да организираат работни средби со родители/старатели/згрижувачи на корисници кои ги исполнуваат критериумите, а не ја искористиле услугата.

Со цел успешно да продолжи проектот и да се обезбеди поголем опфат на корисници на бесплатна рехабилитација и рекреација, реализирани се средби со претставници од јавните установи и НВО кои работат со лица со Даунов синдром на кои беа разгледувани можностите за користење на услугата од страна на лица со интелектуална попреченот и Даунов синдром.

Кабинет на министер за труд и социјална политика

Би можело да ве интересира

Прво локално партнерство за вработување и креирање повеќе и подобри работни места

Ана Ололовска

МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Ана Ололовска

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ

Министерката Ременски и деканот на Филозофскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка

Емир Латифовиќ