Демант на Жикол за ситуацијата со изворите во село Волковија

Од:

„ДГТ Жикол има склучено договор за изградба на објекти во комплексот на воспитно поправен дом Тетово (Општина Брвеница) со Министерство за правда – управа за извршување на санкции од 13.08.2013 год.

Согласно договорот, ДГТ Жикол на наведената локација работите ги изведува врз основа на одобрение за градење број 18Уп.-748/1 од 03.02.2014 год, во кое одобрение е опфатена и изградбата на бунарска пумпна станица и пречистителна станица.

Структурните дупнатини кои се вршени од страна на компанија ангажирана за вршење на таков вид активности се вршни согласни Основниот проект одобрен од страна на Министерството за врски како надлежен орган, како и врз основа на Известувањето од Министерството за правда – Управа за извршување на санкциите каде се дадени точни напатствија за начинот и местото на вршење на структурните дупнатини.

При бушењето не се употребувани никакви хемикалии со кои би се загадиле изворите за вода.

Исто така не се точни наводите дека не е побарана согласност за градењње, уште еднаш напоменуваме дека ЖИКОЛ работи исклучиво согласно Одобрението за градење, во кое одобрение меѓу другото е опфатен и елаборатот за заштита на животна средина.

Наводите дека надлежните на ЖИКОЛ на состаноците со месното население испраќале ненадлежни лица се невистинити од причина што ЖИКОЛ и покрај тоа што нема никаква надлежност присуствуваше на повеќето од нив. Што се однесува за понудата дадена од месното население за користење на слободен резервоар за вода, истата не се однесува на Жикол, тоа е во надлежност на Инвеститорот и тој одлучува за предлозите со месното население, исто така имотно правните несогласувања, доколку ги има се во надлежност на Инвеститорот.

Исто така не се точни наводите за сеча на дрвја, Жикол во реонот каде ги извршува активностите нема никакво отстранување или сеча на ниедно дрво.

Врз основа на изнесеното бараме изнесените невистини, во целост да ги повлечете како не би наштетиле на имиџот на компанијата која егзистира 30 години со повеќе од 500 вработени“ демантираат од Жикол.

Би можело да ве интересира

Демант на соопштение на градежна фирма Жикол

Ана Ололовска