Делегација на Владата на Света литургија во Католичката црква во Скопје по повод раѓањето Христово – Божиќ

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и советничката на претседателот на Владата за култура Цветанка Ласкова присуствуваше на Светата литургија во Католичката црква во Скопје „Пресвето Срце Исусово“, по повод раѓањето на Исус Христос, големиот христијански празник Божиќ.

Со Светата литургија чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона