Дел од Шар Планина се става под привремена заштита до донесување на Законот со кој ќе се прогласи за национален парк

Од:

Министерот Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе решение за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II – национален парк – информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Привремената заштита на подрачјето на кое се однесува Решението се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи дел од Шар Планина за национален парк. За потсетување, Предлог- законот е одоборен од страна на Владата на Република Северна Македонија и во најскоро време се очекува да започне собраниската постапка за негово усвојување. Со усвојување на овој Закон нашата држава ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија“ – се вел во информацијата од Министерството.

Би можело да ве интересира

Владата бара Шар Планина да стане национален парк

А1он