Здружението на професионалните онлајн-медиуми Онлајнмедиа.мк денеска го одржа годишното Собрание, на кое за нов претседател беше избран Дејан Николовски, главен и одговорен уредник на Нетпрес.мк.
Николовски беше предложен од присутните членови, кои едногласно ја поддржаа неговата кандидатура.
Членовите на здружението му се заблагодарија на досегашниот претседател Владимир Кошевалиски за неговиот ангажман.
На Собранието беа договорени и следните активности на Онлајнмедиа.мк, меѓу кои иницијативите за измени на Изборниот законик, продолжување на преговорите со Владата за субвенционирање на медиумите, регулирањето на маркетинг-буџетите и прашањето за регистарот на порталите во АВМУ, како и други важни области.
