Децата од Македонија најактивни на „Џифони искуство”

Од:

Младите треба да бидат зрели уште од најмала возраст да одлучуваат и дискутираат за сериозни теми, за својата иднина бидејќи утре, државата, но и генерално светот останува на нив. Ова е идејата на „Џифони“, да го пренесеме искуството до нашите деца, максимално да ги извлечеме нивните потенцијали, изјави директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески кој ја предводи македонската делегација на филмскиот фестивал за деца и млади во Италија.

Фестивалот се одржува 44. пат и токму поради основната цел, од пред неколку години е преименуван во „Џифони искуство“.

Импозантен е бројот на учесници, преку 3.500 од 43 земји, но и на посетители, само во еден ден над 3.000. „Џифони искуство“ го следат и новинарски екипи од сите делови на светот. Новитет годинава е пренесувањето во живо на клучните настани како што беше вчерашното гостување на холивудската ѕвезда Ричар Гир.

Утре, во рамки на Фестивалот, ќе се одржи Македонска вечер од која дирекорот Башески, нагласи, очекува уште поголем интерес за нашите филмови.

– Годинава имаме еден краток филм, македонско-италијанска продукција, направен лани од Факултетот за драмски уметности и „Џифони“ фестивалот за првото издание на Џифони фестивалот во Македонија. Покрај овој, ќе прикажеме уште неколку домашни кратки филм ови интересни за помладата публика, истакна директорот.

На Македонската вечер ќе се дегустираат македонски сирења, вина, локум,…, а ќе настапи и Мухамед Ибрахими. Отворена ќе биде изложбата„Запознај ја Македонија низ фотографија„, ќе се делат брошури „Filming in Macedonia“ и каталози на македонски филмови од периодот 2013/2014.

Веќе 12 години деца од Македонија учесвуваат на „Џифони искуство“. Некои од нив годинава аплицирале самостојно за учество, со краток филм што го снимиле за себе, и се примени директно од Фестивалот.

-Конкуренцијата е многу силна, но интересно е колку децата од Македонија се активни. Покажуваат неверојатен интерес за проекциите на филмовите и програмата воопшто. Тука сум само два дена и приметувам дека навистина многу се зборува за нашите деца. При средби со претставници од најразлични држави, кога ќе спомнам дека сум од Македонија веднаш следи реакцијата „вашите деца се постојано на проекциите, многу се активни, поставуваат интелигиненти прашања, одлично зборуваат италијански и англиски,…“ што секако е голема гордост за мене, потенцира директорот Башески.

Завчера, едно од нашите девојчиња, Анастасија Новеска, беше избрана да има средба со тинејџерската ѕвезда Дилан О Брајан, а вчера на Ричард Гир момче од Македонија, Дарио Тодоровски, му ја врачи наградата „Франсоа Трифо“. Гир исто така одговараше и на прашање што го постави Мартина Величковска, едно од петте деца избрани тоа да го сторат во преполната сала. Мегапопуларниот глумец рече дека ја сака Македонија и потсети на неговата посета пред 15 години.

– За „Џифони искуство“ не само што знае целиот свет, туку на овој Фестивал и му нема конкуренција, толку е голем. Благодарение на Италијанската амбасада во Македонија, изминативе 12 години беа испраќани наши деца, секоја година по три до четири. Од пред две години, на една презентација на „Џифони“ во Скопје, се сретнавме со директорот Клаудио Губитози и договоривме да почнеме соработка. Дојдовме на идеа да направиме регионален фестивал „Џифони Македонија“ кој ќе собере деца од регионот. Лани се одржа првото издание, доста успешно, со околу 500 деца активни. Годинава бројката на деца и земји-учеснички ќе биде поголема, најави директорот.

Се планира фестивалот да прошета и по малите градови низ државата, да се одржат т.н викенд „Џифони“ фестивали кои би траеле по максимум два или три дена.

– Со поддршка на Министерството за култура и Агенцијата за филм младите од Македонија учествуваат во меѓународното жири на 44 то издание на Џифони искуство. Фестивалот поминува во прекрасна атмостфера каде младите низ дружење и учество на работилници и мастеркласови ги прошируваат своите сознанија за филмската уметност и културата во целост презентирајќи своите креативни потенцијали пред врсниците од целиот свет, изјави Татјана Блажевска од Министерството за култура.

„Џифони искуство“ се одржува од 18 до 27 јули. Секој ден, освен едукативната програма, има термини резервирано за мегателевизиски и филмски ѕвезди. Попладнево се очекува да пристигне Алан Рикман, лошиот професор Снајп од Хари Потер“, а за затворањето на Фестивалот Орнела Мути.

Би можело да ве интересира

Филмот „Вратената“ го отвора 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Повеќе од 550 учесници од девет земји на 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

„Летото кога научив да летам“, „Враќање во тие денови“ и „Смена“ – најдобри играни филмови според жирито на „Џифони“

Дванаесет млади од Македонија ќе учествуваат на 45. фестивал „Џифони Искуство“

Ана Ололовска

„Џифони Македонија“ стана член на Европската филмска асоцијација за деца

Ана Ололовска

Претставување на 45. фестивал „Џифони искуство“

Ана Ололовска