Давитковски: Немам веќе сила и нерви за притисоците врз мене и Правниот факултет

Од:

Немам веќе сила ниту пак нерви за секојдневните притисоци кои врз мене и Правниот факултет ги врши Министерството за образование преку Просветниот инспекторат, вели деканот Борче Давитковски за Телма.

„Како јас можам тоа да го направам на некој колега кој е легално избран со рецензиска комисија, објавена во билтен, poради разни нивни мислења кои се спротивни на некои интереси. Тоа е политичка пресметка, немам морално право да учествувам во чистки”, изјави Давитковски.

Инспекторите ги преиспитувале рецензиите на тројцата проефсори иако тие немаат ништо спорно, вели Давитковски, и како такви пред неколку години биле поминати на Наставничкиот совет и на Универзитетскиот сенат. Според него, никаде во светот инспекторатот не смее да навлегува во рецензии, да цени дали некој има или не научни трудови, тие не се ниту способни ниту образовани за тоа.

„Не верувам дека зад ова стои само просветната инспекција. Тие се само извршители. Вистинските субјекти се некои повисоки структури во МОН”, смета Давитковски.

Би можело да ве интересира

Промоција на факултети и компании пред младите кавадарчани

Емир Латифовиќ

Врачени признанијата за најбезбедни и најчисти училишта

Емир Латифовиќ

Предавање на Лудовикос Коцонопулос во Скопје

Емир Латифовиќ

Парични казни за градинката „Детска радост“ и за директорката

Емир Латифовиќ

Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се сретнаа со француски правни експерти

Емир Латифовиќ

ФОТО: Проектот на ОБСЕ на безбедни училишта – успешен во Кичево

Емир Латифовиќ