ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

Од:

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот на територија на државава. Нема активни во моментов, три се под контрола, останатите се изгаснати, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во Јасен“ опожарена е мешана шума.

На планината Кожуф има приземен пожар. Мешана шума е опожарена и во подрачјето на селата Долгаец и Стровија.

Изгаснатите пожари биле во регионот на општините Брвеница, Врапчиште, Гази Баба, Долнени, Куманово, Прилеп и Струга.

Би можело да ве интересира

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимен како подметнува пожар во сервис за возила во Пинтија, гореа автомобили

Катерина Ѓуровски

Активни пожари во Липково и во Студеничани

Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола

Пожар на Скопска Црна Гора кај селото Раштак

Катерина Ѓуровски