„Ние и јавноста имаме право да знаеме како се трошат народните пари, од даночните обврзници, а и кој и како раководи со државните органи.Синдикатот на вработените во ЦУК (СВЦУК – СОБ), и преку јавноста превентивно укажа на дел од стратешките работи што се основни за да се обезбеди заштита на правата, професионалноста, кариерата и стандардот на нашите членови, (како што во случајот за додаток на кариера, што веќе го остваривме) а со тоа и на сите вработените во ЦУК.
– Конкретно:
1- Потребно е да се поставуваат професионалци и непартиски личности за директори и заменици во ЦУК, луѓе кои се професионалци од сферата на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент. – Со тоа професионално ќе се решаваат работите во органот на државата, а истовремено ќе се изедначи ЦУК, како орган на Владата, во поглед на поставувањето први луѓе на ЦУК, на пример, со Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Потоа и стандардот на вработените е потребно да оди во прогресија во тој поглед. (Поставувањето, неодамна, на професионалци на раководните позиции во УБК и во БЈБ, од страна на Владата, е за поздравување – како исполнување на прифатените обврски на Македнија произлезени од Извештајот на Рајнхард Прибе од ЕУ).
2- Документацијата за можните злоупотреби (што беше доставена до Синдикатот), за да се обезбеди заштита на правата, професионалноста, кариерата и стандардот на нашите членови, а со тоа и на сите вработените во ЦУК, ја доставивме и до Основното Јавно Обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, како што и веќе ја испртивме до МВР, раководител на Упрвувачкиот комитет на ВРМ и до нашиот работодавач – Премиерот на Владата на РМ… (а потоа институциите ќе преземат соодветни мерки). Во тој поглед, укажуваме дека обилно се трошени пари во овој изминат период, а не се исплаќани и се одлагани до бескрај, повеќе работи на наши членови и вработени: по судски пат добиенот додаток на кариера, отпремнини за нашите пензиониранин колеги, законски суми по решение за починати родители..итн… Ги охрабруваме и ги потсеуваме нашите колеги, кога ќе имаат усни наредби за задачи, што се косат со законите, дека имаат право и должност да одбијат извршување на истите и имаат право да бараат писмено да им се нареди.
3- Интересно е што, по нашето превентивно укажување во јавноста, и Меѓународната заедница пројави интерес за „директорувањето“ во ЦУК, од којашто сега и бараме поддршка за стратешките заложби за професионални и непaртиски личности, за првите две функционерски места во ЦУК, бидејќи многу држави и меѓунардни организации ивенстираа и придонесуваа, во и преку ЦУК, за зајакнувањето на нашата одбрана, безбедност и кризно менаџирање, а и помагаа при кризни ситуации во Македонија. Па, во контекст на тоа, неодминливо е стапување во контакт и во комуникација со амбасадите и претставниците на ЕУ, НАТО, ОН, САД, Велика Британија, Германија, Франција…, контакт и информирање на комесатот Хан и екпертот Рајнхард Прибе од ЕУ…
4- Бараме и очекуваме поддршка од прогресивниот дел на Невладиниот сектор во Македонија за нашите стратешки заложби за професионални и непaртиски личности за функцинери во нашиот државен орган – во ЦУК на Влада на РМ.
5- РЕТКА ВЕСТ: Ве информираме дека повеќе наши колеги од ЦУК, имаа храброст и доблест да дадат поддршка и во вакви „жешки“ моменти на синдикална јавна битка, да станат и формално наши членови На тој начин директно ја подржуваат нашата синдикална порака дека, Вработените во ЦУК не се „поданици“, туку се професионални административни службеници во функција на државата и во ова демократско време е недопусливо „феудално управување“ со државан орган, конкретно со ЦУК на Владата на РМ.
ПОШИРОКО ИНФОРМИРАЊЕ:
Инаку, „Директорскиот Кабинет на ЦУК“, во јавноста, неуспешно се обиде да го „оцрни“ Синдикатот и личноста која зборува, а со ништо не ги поби фактите што се кажани. Речиси се смешни оправдувањата на „Директорскиот Кабинет на ЦУК“, со коишто беа правдани „упатувањата“ на други работни места на професионалци, а и на функционерското обилно трошење пари и можните злоупотреби во ЦУК за коишто Синдикатот доби факти што ги даде на увид, по прес конференцијата… а веројатноста за „феудално управување“ изгледа продолжува, барем со службените коли и во викенд…
После нашето превентивно обраќање неодамна во јавноста, (после најмалку над 6 месеци чекање за средба по најмалку 2 писмени барања при крај на 2016-та, а до 5.01.20117 и електронски и усно уште неколкупати), „Директорски Кабинет на ЦУК“ назначен во време на мината Техничка влада, сам се препозна како прозван и си ја отвори „Пандорината кутија“ за, со голема веројатност, неправилното и злоупотребено раководење со државен орган, а и трошење пари… Излегоа на виделина и нови податоци (доставени до Синдикатот, а и до Вас на увид), а се во доменот на злоупотребата, кршењето на законите, а и на правата на луѓето во ЦУК.
По се, се гледа, дека моментниот „Директорски Кабинет на ЦУК“, поставен од минатата Техничка влада, има многу за одговорање, најмалку на новинарски прашања…, Бидеќи, ние и јавноста имаме право да знаеме како се раководи државен орган и како се трошат народните пари.
Со употребата на придавката злоупотреба во рекцијата кон нас – синдикалците, „Директорскиот Кабинет на ЦУК“ на Техничка претходна Влада, почна да си ја гони „мувата од својата капа“, но истовремено продолжува со веројатни дејства на злоупотреби за да ја искористат и последната секунда од раководење со државен орган, со ЦУК.
Можеме да ве инфорирме дека она за што укажавме, веројатно како и секој викенд, а и попладне и во работните денови, продолжува: „Директорскиот самоименуван Кабинет на ЦУК“ службените автомобили си ги користи веројатно како свои приватни, ако нешто не се сетле да „покријат со документи“ по нашето укажување за тоа. Можевте и сами да проверите службеното сребрено пежо и црниот џипот „паџеро“ ги немаше викендот, на 16,17 и 18 на службениот паркинг пред ЦУК…
Но, по нашето укажување за тие нивни негативни дејства, нашите повисоки работодавци (по административна хиерархија) – Владата на РМ, а потоа и Управувачкиот комитет и Групата за процена на Владата, Основното јавно обвинителство, Комисијата за корупција…итн, а по опсервацијата на состојбите во ЦУК и во сферата на кризниот менаџмент, за очекувње е дека нашите повисоки работодавци (по административна хиерархија) – Владата на РМ набрзо ќе си го „каже своето“.
Таквото „феудално“ раководење на ЦУК нема етнички предзнак, како и секое криминално дејствување затскриено во формата „во име на доброто на државата“. Истовремено ги погодува сите национални заедници во ЦУК. Промените на кадрите со „упатувања на работни места“, „со давање и земње право на потпис“, практично, во реалноста токму се прекршува и на неколку од нив, припадници на албанската заедница во РМ кои на високи раководни места во ЦУК. На пример, се преместуваат, се прескокнуваат, се заменуваат и под маската „унапредување“ се „се тргнуваат“ настрана „без прво на потпис“ за да не попречуваат и да немаат увид во раководењето на ЦУК, а тие што се на нивни места полесно да бидат манипулирани. Секако, кон тоа го потенцираме и огромниот притисок во овој период што го трпат токму дел од Албанците коишто се во Синдикатот, а секако и тие коишто ни даваат поддршка. Ние како колеги, сите заедно, знаеме за нивните вредности, бидејќи дел од нив и во реални бројки со многу реализирани проекти придонеле за ЦУК и за кризниот менаџмент во државата.
Со нивниото и во основа неуко комуикациско реагирање во јавноста само се прави неуспешен обид „да се оцрни“ Синдикатот и „личноста“ која зборува, а не се побиваат фактите што се искажани. Истовремено, со неодговорањето на ниту едно новинарско пашање, а и со неприфажањето 6 месеци дијалог со Синдикатот, само го докажуваат нивното недомаќинско и „феудално“ раководење на ЦУК, за коешто бевте запознаени со факти и докази коишто беа доставени до нашиот Синдикат.
Ние повторно, преку јавноста укажуваме на дел од стратешките работи што се есенцијални за да се обезбеди заштита на правата, професионалноста, кариерата и стандардот на нашите членови и со тоа и на вработените во ЦУК, а и да посочиме и на новите податоци (доставени до Синдикатот) што излегоа на виделина, а се во доменот на злоупотребата, кршењето на законите, а и на правата на луѓето во ЦУК.
Со „феудално“ раководење, со притисоци, со закани и преместувања на професионалците, се убива истовремено и човекот и професионалецот во ЦУК, како основен ресурс во државата, а ние и јавноста имаме право да знае како се раководи државен орган и како се трошат народните пари.
Синдикатот, стратешки, се залага за примена на познатата формула за успех „Вистински луѓе – на вистински места – врвен резултат“
Напомнавеме дел од основните заложби на Синдикатот на вработените во ЦУК (СВЦУК – СОБ):
1- да се престане со третман на нашиот Центар – ЦУК, како монета за партиско поткусурување и да се поставувааат професионалци, а не политичари.
2- да се врати избришаното од Законот за управување со кризи дека за директор на ЦУК се бира лице коешто најмалку 6 години работело во сферата на одбраната и безбедноса, односно кризниот менаџмент, и со тоа, најмалку, да се изедначи во тој поглед како и што беше до пред неколку години, со УБК (Управата за безбедност и контраразузнавање) и БЈБ (Бирото за јавна безбедност) во МВР. Се надеваме дека ќе се изедначиме и по стандардот и по условите за работа со нив.
3- да престане сегашниот „феудализам“ во ЦУК на Владата на РМ: со „упатување“ да се разместуваат луќе и да се „дисциплинираат“, со „административнио загушување“ на професионални кадри, кои се независни, достоинствени, образовани (и магистри и доктори на науки), потврдени професионалнo и во доменот на кризниот менаџмент и на домашно и на меѓународно поле и не „веднат глава“ пред кого било и не се „покорни“.
4- да се почне со редовно унапредување на кадарот во ЦУК, според Закон и потвредена професионалност, во повисоки звања, без партиски влијанија, што во 12 годенини е речиси закочен процес за најмногу од кадарот: како кој што досшол во ЦУК, така и останал, со исто звање…
5- да се воспостави дијалог со состаноци и коомуникација со нашиот Синдикат за заштита на правата, професионалноста, кариерата и стандардот на членовите, а со тоа и на колегите во ЦУК и да престане без наше синдикална согласност да се „упатуваат за доброто на ЦУК и државата“ нашите членови што е законски прекршок…
Инаку, по нашето излегувањево јавноста, до нашиот Синдикат пристигнаа информации за злоуптреба и за кршење на законите од страна на сегашниот вршител на должноста директор и „Кабинет на ЦУК“. Ви ги доставивме материјалите за Ваши новинарски прашања упатени до привремното раководство на Центарот, именувани од Техничка Влада, а секако се материјал за опсервација и на сегашната Влада на РМ, Управувачкиот Комитет, Основното Јавно Обвинителство, Државана комисија за спречување корупција… По се се гледа дека моментното раководство на ЦУК, поставено од претходна Техничка Влада има многу за одговорање, најмалку на новинарски прашања…
Конкретно, во време на штедење:
– Колку чини присвоената техника (инфо за Вас – 10-ина скапи телефони и 2 таблета од 8 до 10.000 евра односно околу 600.000,00 ден.), – Колку се троши месечно за гориво за некои од возилата на раководството на ЦУК (инфо за Вас – од 15 до 30.000,00 денари и повеќе – до 40.000,00 ден…),
– Колку се плаќа за ангажирани по договор на дело (инфо за Вас – над 38.000,00 ден. за еден човек + други бенефиции сумата може да достигне и до 60.000 ден.) – Дали е практика да се плаќа возач по договор на дело 18.000,00 ден., а тој веќе да е вработен од 2014-та во Јавно претпријатие, (а возач во ЦУК е платен 11.000,00 ден.),
– Колку се поделени пари во вид на награди на крај од 2016-та за нецелосен двомесечен ангажман на „свои заслужни луге“, а по договрор на дело во ЦУК со 38.000 плата (инфо за Вас – по околу + 12.000,00 до 13, а можно и до 16.000,00 денари по лице), – Колку се троши во кеш од картички (само за месец март над 24.000,00 денари, при што лимитот за едно плаќање е до 6.000,00ден. и „мазно“ се пречекорува),
– Дали може вработен по Договор на дело, (веројатно и без безбедносен сетификат) да ја претставува Дирекцијата на состаноци на Групата за проценка и Управувачкиот комитет, како највисоки тела на Владата за управување со кризи, – Дали е лажно претставувањето како директор во сите службени документи на вршителот на должност директор итн… ,
– Дали овие „протекувања“ на информации, со голема веројатност со криминални податоци, се должи на тоа што сега официјалните службени печати од ЦУК и архивски книги не се во приватна чанта или во канцеларијата на вршителот на должноста директор на ЦУК, конкретно кај неговата прва секретарка од 2005/6-та година во ЦУК, а пред тоа како што биле во Министерството за транспортн и врски…итн… итн… По се се гледа дека моментното раководство на ЦУК има многу за одговорање, најмалку на новинарски прашања… (Ви и доставивме подтоците доставеи до Синдикатот на последната прес…)
По нашето укажување и меѓународната заедница пројави интерес за „директорувањето“ во ЦУК, заради тоа што многу држави и меѓунардни организации ивенстираа и придонесуваа, во и преку ЦУК, за зајакнувањето на нашата одбрана, безбедност и кризно менаџирање, а и помагаа при кризи и кризни ситуаации во Македонија Па, во контекст на тоа, неодминливо е стапување во контакт и во комуникација со амбасадите и претставниците на ЕУ, НАТО, УН, САД, Велика Британија, Германија, Франција…, контакт и информирање на комесатот Хан и екпертот Рајнхард Прибе од ЕУ…
При ова наше реагирање, повеќе наши колеги во ЦУК, кои ни ја даваат вербална и друга поддршка, (дури иако не ни се членови), на нашето превентивно укажување во јавноста и имаат храброст и доблест да застанат и до нас синдикалците и дури во вакви „жешки“ моменти на синдикална битка за правда да станат и наши членови“ се вели во соопштението на синдикатот на вработените за управување со кризи на Владата на РМ (СВЦУК).