ЦУК: Пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци уште e активен

Од:

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар.

Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи.

РЦУК – Штип, известува дека во општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште а активен. Во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС.

Од утринскиве часови на ден 23.7.2022 година, како што соопштија од ЦУК интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население.

Би можело да ве интересира

Пожарот во Беровско уште се гасне од земја и воздух

Горан Наумовски