Црвениот крст од Велес се приклучи на меѓународната иницијатива „Часот на планетата Земја“

Од:

Согласно повикот на Црвениот крст на Македонија, денеска Општинската Организација на Црвен крст од Велес се приклучи на меѓународната иницијатива „Часот на планетата Земја“.

Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст од Велес преку социјалните мрежи и од поставениот штанд во центарот на градот, до граѓаните на Велес, денеска упатија апел вечерва со почеток од 20.30 часот да ги исклучат своите светилки и со палење свеќи да бидат дел од најголемото волонтерско здружување за заштита на природната средина.

Миле Маџаров секретар на Општинската организација на Црвен крст од Велес изрази надеж дека велешани вечерва ќе се приклучат на иницијативата на Црвениот крст на Македонија и ќе го дадат својот мал прилог за спас на планетата Земја.

– Во рамки на иницијативата, на 23. март осветлувањето ќе биде изгаснато на еден час во стотици места ширум светот. Ваквата акција има за цел да го привлече вниманието кон борбата против глобалното затоплување. Оваа година во акцијата ќе учествуваат повеќе од шест илјади градови од 134 држави, а е организирана од Светскиот фонд за природа, појасни Маџаров.

Би можело да ве интересира

Македонија се приклучува кон акцијата „Часот на планетата Земја“

Емир Латифовиќ

Македонија ги исклучува светилките за часот на планетата Земја

Емир Латифовиќ

Објавено македонското видео за „Часот на планетата Земја“

Емир Латифовиќ