Црн крст исцртан пред домот на скопски бизнисмен

Од:

Утрово пред домот на сопственикот на градежната компанија „Кубус“, Златко Тодоров, е испишан црн крст со неговото име, а истата порака ја има и на фасадите. МВР за „А1он“ го потврди случајот.

Фотографија од местото каде е исцртан крстот со името и презимето на бизнисменот

„На 18.02 во 8.30 часот З.Т. пријавил дека на улица „Христо Смирненски“ има натпис на коловозот со испишана заканувачка порака при што истата порака ја има и на фасадите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“. Минатата недела на неколку локации низ Скопје беа поставени натписи за истиот бизнисмен „Кој го штити Златко Тодоров во Обвинителството и судот?“

Од полицијата известија дека во врска со опожарувањето на неговото возило кое се случи лани постапува скопското Обвинителство. „Во врска со настан од 20.09.2018 година околу 04.00 часот на улица. „Христо Смирнески“ кога е опожарено патничко моторно возило „Х5“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето К.Т. од Скопје кое го користел неговиот татко З.Т. од Скопје, од страна на увидна екипа од СВР Скопје беше извршен увид и преземени се соодветни мерки и активности. За случајот е известен и јавен обвинител кој во координација со МВР врз основ на прибавените докази дава насоки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

Бизнисменот Златко Тодоров за „А1он“ рече дека овие настани се последица од шестгодишното непостапување на Обвинителстовото за кривичните пријави за случајот „Банки“. „Сите овие настани се последица на непостапувањето на Обвинителството, по кривичните пријави, кои, по наши сознаија, МВР ги има поднесено во 2013 година и УБК преку БЈБ во 2017 година како и Упрвата за финансиската полиција“, вели Тодоров.

„Непостапувањето по кривичните пријави ги подгрева надежите на сторителите во аферата дека ќе се извлечат со вакви заплашувања и закани по живот. Арамиите се убедуваат дека ќе дојде до ослободување од процесот на кривично гонење. Во врска со натписите, во „КУБУС“ нема еден купец кој побарал од нас аргументирано да постапиме дека има каков било проблем. Напротив. Склучени се и во тек на склучување има договори. Толку е за вербата која клиентите ја имаат во компанијата од 27 години работа.

Васко Маглешов 

Би можело да ве интересира

Обвинителството ја отфрли кривичнита пријава за Кубус