ЦИА му го уништи животот на Ел-Масри, но не се ни извини

Од:

Калид ел-Масри е целосно уништен човек, јавуваат свеските медиуми. Една деценија откако ЦИА, со помош на македонските власти, го собра во Македонија и го однесе во тајниот притворски центар во Авганистан, Ел-Мастри уште нема закрепнато.

Весникот „Сан хералд“ наведува дека Германецот со либанско потекло повеќе не е дел од животот на сопругата и на децата, а пријателите и адвокатот не можат да го пронајдат. Германските разузнавачки служби соопштуваат дека се наоѓа во „некоја прозападна арапска земја“.

Адвокатот и повереникот на Ел-Масри од Германија, Манфред Гњидич, вели дека кога последен пат го видел својот клиент, тој бил целосно скршен, запуштен, параноичен и целосно сам. Двапати бил апсен и праќан на психијатрија, а еднаш завршил и во затвор.

Случајот „Ел-Масри“ е еден од 26 примери кои се наведуваат во извештајот на Сенатот на САД за тортурата на лица од ЦИА, кои подоцна се покажало дека се погрешно притворени и малтретирани. Сепак, извештајот кој минатата недела беше објавен, не открива какви последици врз животот на Ел-Масри оставиле неколкумесечните малтретирања.

– Бев шокиран од извештајот за тортурата. Тие знаеле и интерно со години признавале дека направиле грешка со Калид. Цела деценија, деценија во која неговиот живот беше уништен, тоја бараше извинување, објаснување, шанса да продолжи со својот живот. Тие знаеле, си го признале тоа, но не го споделиле со него – вели Гњидич.

ЦИА неколку недели по апсењето сфатила дека направила грешка што во јануари 2004 година го привела, но продолжи да молчи, како и комитетот за разузнавање на Сенатот, кој дозна за случајот во 2007 година.

Во извештајот на Сенатот не се открива како го третирале Ел-Масри за време на притворот. Тој со години тврдеше дека бил предмет на тортура, дека бил гол врзан за плафонот, со денови не можел да седне, го држеле во целосен мрак. Вакво сценарио е опишано и во другите примери за малтретирање во сенатскиот извештај.

Германските медиуми, поради притворањето, го етикетираа Ел-Масри како „исламски екстремист“. Соседите го избегнувале, а потенцијалните работодавци ги отфрлале неговите апликации за работа уште кога ќе го прочитале неговото име. Германскиот весник „Билд“ објави и приказна насловена „Зошто си дозволуваме да бидеме тероризирани од ваков човек?“ Во написот стоело дека „исламистот, кој тврди дека е жртва на тортурата на ЦИА, со месеци ги тероризирал федералната власт, парламентот и јавноста“. Неговото тероризирање на федералната власт очигледно било барањето отштета и објаснување за тоа што му се случило.

Гњидич вели дека извештајот на Сенатот разјасни сè, но одговорите на прашањата биле достапни со години, пред Ел-Масри да биде целосно уништен како човек.

Мета

Би можело да ве интересира

Богданов: Изјавата на поранешен министер за внатрешни работи клучен доказ за пресудата за Ел Масри

Емир Латифовиќ

Европскиот парламент бара да се најдат одговорните за грабнувањето на Масри

Емир Латифовиќ