Честитка од Валентина Божиновска по повод Божик

Од:

Директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Раѓањето Христово – Божик.

– Дозволете ми во мое лично име и во името на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски аинод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на целото свештенство и монаштво да упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик. Божик е најрадосниот празник меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Како народ на верата, отсекогаш сме граделе заедница врз вистинска божја љубов со која сме ги негувале највисоките духовни вредности и сме се радувале на божјите благослови, се вели во честитката од Божиновска.

Нашата Македонска православна црква-Охридска архиепископија, се додава, е вистинскиот пример за тоа. Таа е нашиот духовен светилник преку кој силно и гордо свети нашиот национален идентитет, нашето богољубие, столбот на македонската духовна и вековна опстојба. Големата љубов со која Бог на овој голем празник преку Раѓањето Христово се објави на сите луѓе е и наш заеднички стремеж, да не дозволиме да зацаруваат омразата и поделбите, туку љубовта, мирот и взаемното почитување.

– Токму затоа, нека празничната икона на новородениот Спасител биде постојано пред нашите духовни очи, да продолжиме да ја негуваме и чувствуваме божиќната радост традиционално присутна во секој наш дом и во секое наше семејство и истата да ја пренесуваме на нашите рожби и идни поколенија. Со овие празнични желби Ви го честитам овој светол и величествен празник, и Ви посакувам овие, но и сите денови да ги поминете во здравје, љубов и божји мир. Заедно со верниците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија овде во татковината и насекаде во светот, да се поклониме пред новородениот Спасител обединети во нашата исконска вера и божја благодат. Христос се роди, се нагласува во честитката од Божиновска по повод Божик.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите

Предраг Петровиќ