Честитка од почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија по повод Божик

Од:

Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Самсоненко упати честитка до православните верници во Македонија по повод големиот христијански празник Божик.

– На сите граѓани во Македонија кои го слават Божик, им посакувам радоста на Христовото раѓање да им ги исполни срцата и домовите со мир и љубов кон другиот. Христијанството нè учи на уважување, толеранција и заедништво, а славењето на најголемиот христијански празник испраќа порака да се собереме и заедно данаправиме сè да имаме општество со среќни луѓе. Ова е можност не само да покажеме подготвеност, туку и да чиниме добро и да бидеме дарежливи кон другите. Искрено посакувам Божик да го поминете во христијански дух кој во секој човек буди топлина и радост, се вели во честитката од Самсоненко до православните верници во Македонија.

Во тоа име и надеж, се додава, Ви посакувам среќен и благословен Божик. Дочекајте го во добро здравје со своите најблиски.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона