Честитка од министерот Јолевски по повод Божик

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите вработени во Министерството, припадници на Армијата и сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповед им го честита Исусовото раѓање – Божик.

– Божик е најсветлиот, најрадосниот празник за христијаните. Денот на Исусовото раѓање е ден кој ни дава надеж, ден на кој се присетуваме дека мирот и спокојството, вербата во луѓето и правењето добро еден на друг се највозвишените вредности кои треба да нè водат во животот. Раѓањето Христово е празник кој нè радува, обединува и обврзува да ги споделуваме и на другите посакуваме желбите што си ги посакуваме самите себеси. Нека нашите срца биде исполнети со радост, среќа, почит, добрина и љубов, а овие вредности нè водат во годината пред нас. Така ќе бидеме посилни да се справиме со предизвиците со кои се сретнуваме секој ден, во домот и на работа. Апостол Павле им порачува на Филипјаните да мислат само на она што е чесно, што е праведно, што е прекрасно и за восхит и истото да го применуваат во нивниот живот“, посочува Јолевски во честитката.

На овој ден, додава, се присетуваме на сето она што припадниците на Армијата го прават за мирот и благосостојбата на другите, во и вон Република Македонија.

– Тие жртвуваат дел од себе и од традицијата да се биде со најблиските за да дадат непроценлив придонес кон добробитот на другите, за што сме им неизмерно благодарни, потенцира Јолевски во честитката по повод Божик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите

Предраг Петровиќ

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик