Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод католички Божик

Од:

По повод католичкиот празник Раѓање Христово – Божик, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до Скопската бискупија, скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед.

– Божиќните денови го осветлуваат животот на секој христијанин со посебна радост и будат најубави возвишени чувства. Најсветиот христијански празник, раѓањето Христово – Божиќ е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно кон најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна. Затоа, нека овие денови бидат инспирација за правење добри дела и меѓусебно помагање на сите луѓе. Нека бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме: слободата, еднаквоста и праведноста, пишува во честитката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона