Цаноски: Згрозен сум од леснотијата на нивното смеење

Од:

Фијат Цаноски сопственикот на урнатиот објект Космос вели дека е згрозен од она што денеска го објави опозицијата како снимен разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески, како со леснотија се смеат додека ги моли да не уриваат.

-Овој разговор меѓу Груевски и Јанакиески е воден уште пред да ја донесат дозволата за уривање. Јас тогаш бев дел од владината коалиција. Како да не сум уплашен кога сакаа да ме уништат, да урнат милионски објект, без работа да остават илјадници семејства кои се хранеа од тука, кога ми го споменуваат и семејството. Како да не се уплашам, ова не беше нормално. Јас знаев дека ова го прават за да ми се одмаздуваат, немаше ништо нелегално во градбата на Космос, ова беше само политичка одмазда, вели Цаноски за А1он.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Што правиш?
МЈ: Комисија водам уште.
НГ: Кај си ти, у кој дел на зградата?
МЈ: Долу, Влада, баш Влада кај што има.
НГ: Ааа долу, а? Беше овој сега.
МЈ: Добро.
НГ: Бааѓи исплашен. Бааѓи. Значи не сум го видел ваков досега, никад.
МЈ: Аха, овој…добро.
НГ: Фијат.
МЈ: Да, ми текна, да.
НГ: Го оставив, се испука. Се… разни документи ми извади дека се у право, да не знаеш вика зошто вака. Еве пред месец дена ти си потпишал нешто, па некоја поправка требало, па сега за поправката чекаме месец дена. Не знам викам не сум во тек, целосно, ќе провериме сигурно – викам – има нешто. Ама нема, ја прашав таму вработените, ова-она. И од прилика од околу-од околу му кажав културно што се забелешките за него. Дека го нема жив таму да се појави, и викам знаеш, другото сега да не ти зборам, што овака се збори. Ама, викам тоа не значи дека човеков ради тоа не ти дал, него сигурно има некоја техничка…проблем некој, викам…
И почна да се правда за тие две работи. И на крај му реков, ај викам ќе поразговарам со Миле, да видам што се проблемите, па ќе ти јавам вечер. Мооолим те вечер да ми јавиш, утре ми е Рамазан, мирно да спијам вечер. Не можам више да спијам, хахахаха.
Ми се виде стварно многу исплашен, дури жал ме фати у еден момент, да ти кажам.
МЈ: Заглавен е.
НГ: А? Аууу, вака го неам видено никогаш до сега, а и ретко кој вака исплашен ми дошол. Молим те што сакаш да правам, тоа. Ако сакаш Велија да го довлечам еве, дај да ви организирам средба, ја стварно немам со него, ни бизнис, ни сакам да имам бизнис. Децава ни се сега заедно, утре може нема да бидат, нон-стоп се караат. Хахахаха. Молим те, хахахахаха.
МЈ: Барем да ни го смета како услуга.
НГ: А?
МЈ: Да ни го смета како услуга.
НГ: Ќе ни го смета како услуга, да, да, да. Е сега ти треба да смислиш причина зошто си го држел. Нешто…појма немам, не мора во детали да му кажувам, до вечер, ја му реков –вечер ќе ти се јавам.
МЈ: Не, одма ќе Ви кажам. Значи, демек, згрешиле службите, правеле анекс, јас сум го пуштил во Катастар, да го проверат до крај. И Катастар демек до утре ќе ми одговори.
НГ: Мхм.
МЈ: Дека така сум Ви рекол.
НГ: Згрешиле службите и си го пратил во Катастар?
МЈ: Види, да. Хаха. Значи, официјално нема ништо. А неофицијално…
НГ: Не, не, ама добро. Си го пратил ти во Катастар, така?
МЈ: Неофицијално во Катастар да го проверат, зошто ми биле чудни онакво, и сум чекал од Катастар…
НГ: Од Катастар си чекал, одговор. Добро.
МЈ: Неофицијално.
НГ: Неофицијално, да де да. Неофицијално си го пратил, аха.
МЈ: Да.
НГ: Добро да, тоа е добар изговор, океј.
МЈ: Зошто ги згрешиле квадратурите, сум сакал да ги проверам квадратурите, и така натаму, и така натаму, и така.
НГ: Он сакаше сега средба да прави со Велија. Ја му реков ќе размислам за тоа. Мислам дека сега Велија реда-ради сака да направи средба. И нејќам да ми рачуна дека заради Велија се завршила работата. Нека си го рачуна од нас, еве завршено.
МЈ: Услуга. Добро, добро излезе овака.
НГ: Добро излезе. Значи, не да е посран, му тече и низ панталони.
МЈ: Добро е што знае дека, дека не смее да се зафркава.
НГ: Не смее и не може како сирење да не решета, знаеш. Ај овие кој ги ебе, ама ја ќе си најдам поединци, и на ваков или онаков начин ќе си ја завршам работата. Да види дека сме компактна целина.
МЈ: Така да.
НГ: И дека кога ќе ја нападне целината, поединците знаат да се повлечат два чекора назад и да му речат стоп. А ништо не му бараме.
МЈ: Да де да.
НГ: Ништо не му бараме. Само за ова, за Парламент ми се правдаше, молим те да не доаѓам, молим те не можам да издржам тоа. Хахаха.
МЈ: Хахаха.
НГ: Молим те у бизнис сум, не знам главата кај ми е. Еве следните избори нема, еве ако сакаш следните избори да ти потпишам кај сакаш нема да се кандидирам, на друг ќе ја дадам партијата, на кој сакаш…хахахахахахаха…Дај ако треба да потпишам негде, ама мртов озбилен. Хахахахаха

Би можело да ве интересира

Фијат Цаноски: Убеден сум дека во Стразбур ќе ја добијам тужбата од 65 милиони евра

Емир Латифовиќ