Бугарски новогодишни пакетчиња за децата од скопски школи и болници

Од:

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска донираше новогодишни пакетчиња на деца, во рамки на проектот „Бугарски божиќни празници“, што се спроведува со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на соседната земја.

Од Амбасадата соопштија дека биле поделени 140 новогодишни пакетчиња со чоколади, бонбони и училиштен прибор за основното училишта „Д-р Златан Сремац“, Домот за рехабилитација на деца и млади, Домот за деца со образовни проблеми, Детската болница за белодробни заболувања „Козле“ и Дневениот центар за деца со Даунов синдром „Доза на среќа“. Пакетчињата ги предадоа бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билијана Ангелова.

Денешниот настан, посочуваат од Амбасадата, е израз на постојаната поддршка што ја даваат за ранливите социјални групи во Република Северна Македонија и воспоставената долгорочна соработка со повеќе корисници.

Подароци и новогодишни пакетчиња денеска им биле поделени и на деца во бугарската амбасада во Скопје, а настанот се одвивал во согласност со ограничувачките мерки воведени околу пандемијата КОВИД – 19, информираат од Амбасадата на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР

Катерина Ѓуровски

Софија упати протестна нота до Скопје откако 920 книги не биле пуштени на Деве Баир

Катерина Ѓуровски