Божикна честитка на бискупот скопски Киро Стојанов

Од:

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов упати божикна честитка по повод празникот Божик што утре го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед.

– Драги браќа и сестри, и овој Божик не собра во заедништво, и семејно и општествено, за поубаво и содржајно да ја прославиме радоста на оној настан кој се случи во Витлеем и ја раздели нашата историја на стара и нова ера. Навистина, со раѓањето на Исус Христос започна нова ера на човештвото во која Бог стана човек за човекот да биде повикан на достоинство, синови и ќерки Божји. Ова време на релативизам кога се чини дека сите вредности се наоѓаат во некаква магла, па дури и самиот наш живот е завиткан во магла, понекогаш и темнина, јасно се слуша молбата на нашите современици, молбата за спасение, се наведува во честитката на бискупот Стојанов.

Сè повеќе чувствуваме, посочува бискупот, дека секое ветување е без содржајно и остануваме уште повеќе во магла и настапува еден индивидуализам, затворање во себе и отуѓување од другите.

– Божик ни ја разбива темната слика на реалноста која не опкружува и ни дава јасен одговор и повик на надеж за се она што е подобро и исправно. Мирот почнува во срцето на човекот. Мирот е плод на чиста совест во однос на Бога и човекот. Нека е Слава на Бога во висините а на земјата мир  меѓу луѓето. Браќа и сестри, го честитам Божик на сите луѓе со добра волја, а пред сè на верниците на нашата Црква: бидете радосни исполнети со љубов кон Бога и кон себе и бидете носители на надежта и сведоци на вистината дека сме повикани да бидеме, браќа и сестри, миленици Божји. Нека е, Слава на Бога во висините, а меѓу нас на земјата мир, бидејќи сме миленици Негови. Христос се роди!, стои во божикната честитка на бискупот Стојанов.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона