Бошко Грујоски е нов в.д. директор на Кинотека

Од:

Бошко Грујоски е нов в.д. директор на Кинотеката на РС Македонија, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ.

Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката, и веќе бил на директорската позиција претходно, во периодот во 2016 и 2017 година. На менаџерската позиција доаѓа од Одделението за истражувачка, издавачка, библиотечна, меѓународна и јавна дејност и филмска програма на Кинотеката.

-Во периодот кога Грујоски беше активен директор на Кинотеката, меѓудругото, беше извршена дигитална реставрации на играните филмови на режисерот Бранко Гапо, потоа реализиран меѓународниот проект European Film Gateway во соработка со Европската асоцијација на кинотеки, а беа завршени и двата последни документарни филмови од серијалот „Сведоци“ како резултат на научно-стражувачкиот проект заеднички реализиран со Институтот за национална историја и МРТВ, информираат од Кинитека.

Би можело да ве интересира

Проекција на „Големиот сон“ од Себастијан Гроблер во Кинотека

„Северен пол“ и „Мобил фестивал“ дел од декемвриската програма во Кинотека

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Недела на албански филм од 21 до 26 октомври во Кинотека

Недела на современ јапонски филм од утре во Кинотека

Наум Локоски

Трет филмски фестивал „Богородичен покров”

Наум Локоски