Вчера околу пладне во населба Ѓорче Петров, на улицата Воин Драшковиќ, вработен во комунална хигиена при подигнување отпадоци од контејнери, кога подигнал најлонска кеса, експлодирала рачна бомба.
Од шрапнелите и експлозијата тој бил тешко повреден.
Тој е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде му се констатирани телесни повреди.