Бочварски упати честитка по повод големиот христијански празник Рождество Христово Божик

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска, по повод големиот христијански празник Рождество Христово Божик, до граѓаните на Штип од католичка вероисповед упатува честитка, во која се вели:

„На сите верници од католичка вероисповед во нашиот град упатувам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Рождество Христово Божик, со икрени желби за добро здравје, среќа, благосостојба и мир во празничните денови.

Оваа прилика ја користам за да го нагласам моето искрено уверување дека сите заедно ќе продолжиме да го даваме својот придонес во градењето на просперитетна иднина на Општина Штип, каде ќе владее толеранција, взаемно помагање и меѓусебно разбирање. Само така сите заедно ќе напредуваме и ќе остваруваме успеси.

Посакувам празниците да ги поминете во кругот на најсаканите, во добро празнично расположение.“

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона