Беџити за најавените измени на Законот за локална самоуправа: Откако ќе го добиеме предлогот, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе

Од:

Се уште немаме предлог законско решение, откако ќе го добиеме, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе кои се нашите ставови, изјави координаторот пратеничката група на „Европскиот фронт“ во Собранието, Блерим Беџети, прашан кој е ставот на ДУИ за најавените измени на Законот за локална самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, со што би се избегнале предвремени локални избори.

Прашан како градоначалник, дали е финансиски оправдано вакво решение, Беџети рече, дека не сака да прејудицира нешто и дека ќе коментира откако ќе го добие предлог Законот.

– Ако го достават, тогаш ние ќе се произнесеме. Да не прејудицирам сега, кое би било. Тука не сум како експерт, туку во својство на координатор на „Европскиот фронт“ и нормално откако ќе добиеме предлог закон ние ќе се произнесеме и за ова прашање, изјави Беџети.

Во однос на тоа, дали е прифатливо да има избори во Сарај, Беџети кратко посочи „ние никогаш не сме избегале од избори, секогаш сме биле спремни“.

Би можело да ве интересира

Беџети: Сум поминал многу поголеми политички притисоци од овие, нарачaните пријави не ме плашат

А1он

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за Блерим Беџети

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

ВРЕДИ: Блерим Беџети е архитектот на неказнивоста за злосторствата врз Албанците

За најважните одлуки Албанците дознаваат од медиумите, ВРЕДИ не е парнер во Владата, вели Блерим Беџети

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Синот на Блерим Беџети потпиша договор со Комунална хигиена, ќе дава совети за животна средина

А1он