Беџети: Сум поминал многу поголеми политички притисоци од овие, нарачaните пријави не ме плашат

Од:

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети по информацијата дека Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против него и уште седум лица, поранешни функционери и службеници во општина Сарај и во Град Скопје, вели дека не се плаши и обвинува за политички конструкции.

„Не мислете дека со овие „операции“, политички конструкции, фабрикувани кривични пријави или обиди за уцена можете да ме вратите назад, да ме исплашите или да ме натерате да отстапам од моите политички ставови.

Оваа влада, предводена од антиалбански и вазалски структури, тешко греши ако мисли дека може да го замолчи мојот глас и да ме заплаши.

Сум поминал многу поголеми политички притисоци од овие. Не отстапив тогаш и нема да отстапам ниту денес. Нарачaните пријави не ме заплашуваат. Напротив, ми даваат уште поголем мотив да останам на страната на граѓаните и да се борам за отчетност, правда и демократија.

Јас не се плашам. Вистината не се затвора со политички пријави“, порача Беџети, кој е екс-градоначалникот на општина Сарај.

Според обвинението, инволвираните лица се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.

Би можело да ве интересира

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за Блерим Беџети

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

ВРЕДИ: Блерим Беџети е архитектот на неказнивоста за злосторствата врз Албанците

За најважните одлуки Албанците дознаваат од медиумите, ВРЕДИ не е парнер во Владата, вели Блерим Беџети

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Синот на Блерим Беџети потпиша договор со Комунална хигиена, ќе дава совети за животна средина

А1он

ВЛЕН: Блерим Беџети е функционер со десетици скандали и афери

Горан Наумовски