Австрија ќе вакцинира на гробишта, во музеи, на базени

Од:

Министерството за социјални работи на Австрија разгледува стратегии за да ги убеди Австријците да вакцинираат против коронавирусот што е можно помасовно поради ширењето на делта мутацијата.

Еден од предлозите е вакцинирање и на гробишта под мотото „имунизација наместо да се лежи на ова место“.

Идејата е да се вакцинира и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да се имунизираат, како и да се отвори „драјв-тру“ за возачи на скутери и велосипедистите.

Исто така, се разгледува и акција за вакцинација во општинските згради, летните кина, на базени.

Веќе подолго време има идеи вакцинацијата да се спроведува на места каде што има млади луѓе, па се спроведува кампања преку социјалните мрежи. Во моментов е во тек кампања за вакцинирање на млади жени со странско потекло.

Би можело да ве интересира

Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Австрија

Австрија од понеделник ги укинува сите ковид мерки

Австрија ги олеснува ограничувањата против Ковид-19

Австрија в понеделник го укинува „локдаунот“ за невакцинираните

Австрија воведува задолжителна вакцинација за сите над 18 години

Австрија го продолжи карантинот за уште десет дена