Апелациja ja одби жалбата на СЈО за притворот на Г.Г.

Од:

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли како недозволена жалбата на Специјалното јавно обвинителство за домашниот притвор  на осомничениот Г.Г. во случајот „Тврдина“.

– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) и на осомничениот Г.Г. изјавени преку неговите бранители против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција од 01.04.2016 година при овој суд, донесе решение со кое истите се отфрлаат како недозволени, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Во образложението на решението на скопскиот Апелациски суд стои дека решението на Кривичниот совет на првостепениот суд КИОК-КС бр.39/16 од 01.04.2016 година не е донесено во прв степен за да по истото биде дозволена жалба до повисокиот суд, оттука првостепениот суд погрешно ги ценел и применил одредбите од членот 169 од ЗКП.

– Со ова решението на Основен суд Скопје 1  – Скопје станува правосилно со што ќе биде издадена наредба осомничениот Г.Г.  да биде префрлан во куќен притвор, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Дескоска: Официјално не е пристигната пресудата на грчкиот Врховен суд за Грујевски и Бошковски

Ана Ололовска

Грујевски и Бошковски нема да бидат екстрадирани во Македонија, одлучи грчкиот Врховен суд

Ана Ололовска

Прекинато рочиштето за Грујевски и Бошкоски, ново закажано за 26 април

Ана Ололовска

Зад затворени врати рочиштето за Грујевски и Бошкоски во Врховниот суд во Атина

Ана Ололовска

Почна рочиштето во Атина за жалбата на Грујевски и Бошкоски

Ана Ололовска

Врховниот суд во Атина треба да реши за жалбата на Грујевски и Бошкоски

Ана Ололовска