Антески: Соларната бура нема влијание на трансформаторите на „Раде Кончар“

Од:

Директорот на „Раде Кончар“ Аце Антески не очекува највената соларна бура во мај годинава да предизвика проблеми со трансформаторите кои ги произведуваат.

– Нашите трансформатори се целосно заштитени. Имаат комплетна заштита, како прекуструјна, така и пренапонска и од загревање така што не очекувам соларната бура да предизвика какви било проблеми, изјави Антески, одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Нагаласи дека во првиот квартал од годинава, не очекува некои поголеми и позитивни промени во македонската економија, а подобри резултати во Раде Кончар, додаде, очекуваат во вториот квартал од годинава.

– Во вториот квартал се надзираат добри економски показатели, поради позитивните ветришта кои доаѓаат од Србија и регионот. Тие даваат надеж дека планираниот економски раст за годинава ќе се оствари, изјави Антески.

Тој посочи дека Раде Кончар има веќе парафирани договори за работа со Црна Гора, Србија, Косово и ЕВН Македонија.

– Тоа значи дека имаме нарачки кои ветуваат дека вториот квартал ќе биде подобар како за нашето работење, така и за македонската економија, рече Антески.

Посочи дека не се предвидуваат отпуштања од работа во Раде Кончар бидејќи, додаде, Раде Кончар Сервис има склучено договори за работа до крајот на годинава, а Раде Кончар ТЕП и до средината на наредната година.

Би можело да ве интересира

Кончар од Загреб и ФЕИТ потпишаа договор за соработка и донација

Наум Локоски