Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот екссопруг, Воислав Будисављевиќ на првото рочиште пред судот кажаа дека не се чувствуваат и виновни за делата за кои се гонат од Обвинителството за гонење организиран криминал. Двајцата во воведните зборови се произнесоа дека не зеле учество во дрога – кокаин, како и нејзино купување и продавање во количина од близу 700 килограми, како што стои во обвинението.
Стојановска останува во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор, додека следното рочиште е закажано за почетокот на идниот месец. Тие немаа воведни зборови пред судот, а одговорија потврдно кога беа прашани дали го разбираат обвинението.
Актерката и нејзиниот ексспоруг, според обвинителниот акт, организирале сместување, купување, превезување на дрогата од Мадрид и барале купувачи за истата.
„За да не бидат откриени во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки – инхибитор“, велат од Обвинителството.
Судот претходно го прифати барањето на Обвинителството и ги продолжи мерките за обезбедување на присуство за двајцата обвинети. Актерката Стојановска веќе неколку месеци се наоѓа во куќен притвор, а пак, Будисављевиќ во притвор. Двајцата беа приведени на крајот од месец декември минатата година.