Во знак на поддршка на храбрите тимови на пожарникари и доброволци кои водат исклучително тешка битка со огнената стихија што ја зафати планината Галичица, компанијата „Адмирал“ донираше вода за пиење и освежителни пијалаци.
„Адмирал како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена да помогне таму каде што е најпотребно – овој пат со донација за луѓето кои што неуморно се борат со огнената стихија на Галичица. Апелираме до сите граѓани и општествено одговорни фирми да помогнат во борбата со пожарите низ Македонија“, велат од компанијата.
Како членка на Новоматик Групација, „Адмирал“ продолжува да ги практикува високите стандарди на групацијата за општествена одговорност и да биде дел од хуманитарни и донаторски активности.
ПР текст