32 години македонска независност

Од:

Република Македонија денеска одбележува 32 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Над 95 отсто од граѓаните што излегле на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговориле на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на граѓаните за самостојна држава е потврдена со Декларацијата за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 година во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата е усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.

Меѓународно-­правниот субјективитет на државата е потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија е примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Тогаш поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа уставното име, зачленувањето во ОН е под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија.

Денес, Република Северна Македонија е држава членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот, НАТО.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Од 8 септември 1991 до денес – три и пол децении македонска независност

Горан Наумовски