29-годишниот струмичанец кој е пријавен за исчезнат, влегол во Бугарија каде што живее мајка му

Од:

Во врска со објавите на социјалните медиуми за лице М.Д.(29) од Струмица, кое се оддалечило од домот во Струмица, пријавено во Полициската станица Струмица на 09.12.2023 од страна на неговиот татко Т.Д.(64), ве известуваме дека од страна на СВР Струмица веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Меѓу другото, извршени се проверки на граничните премини кон Бугарија, земја во која лицето редовно одело во посета на неговата мајка, при што е утврдено дека М.Д. остварил излез од државата на 06.12.2023 во 18.20 часот на Граничен премин Ново Село. Се преземаат и дополнителни мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Исчезнат 29-годишен маж од Струмица, полицијата една недела трага по него

A1on