Зетот на Трамп пристигна во Израел, ќе разговара со Нетанјаху за Газа

Од:

Џерад Кушнер, влијателниот зет на американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Израел за да разговара со премиерот Бенјамин Нетанјаху за спроведувањето на американскиот план за прекин на војната во Газа, изјави извор запознаен со ова прашање.

Кушнер треба да се сретне со Нетанјаху во понеделник, изјави изворот, кој побара анонимност бидејќи средбата не е официјално објавена.

Во септември, Трамп објави план од 20 точки за ставање крај на двегодишната војна на палестинските територии, почнувајќи со прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври и предавање на заложниците во Газа.

Милитантната група ослободи 20 живи заложници, како и ги предаде останките на 24 заложници. Останките на четири починати заложници се пронајдени во Газа.

Според следната фаза, мултинационалните сили треба постепено да ја преземат безбедноста во Газа од израелската армија.

Портпаролот на израелската армија претходно денеска изјави дека нема да има „турски војници“ во Газа како дел од меѓународните сили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху