Рубио: Хамас мора да биде уништен, а сите заложници ослободени

Од:

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес во Ерусалим изјави дека сите заложници мора веднаш да се вратат дома и дека Хамас мора да биде уништена“ како вооружена група.

Зборувајќи на прес-конференција во Ерусалим, Рубио рече дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште е посветен на тие цели, објавува Тајмс оф Израел“.

Рубио истакна дека Иран им се заканува не само на Израел и САД, туку и на сојузниците од Персискиот Залив и Европа. Тој рече дека нуклеарниот Иран е неприфатлив ризик“ за светот.

Рубио го критикуваше Хамас за неговиот неспоредлив варваризам“ и додаде дека народот на Газа не може да има мир или подобра иднина сè додека Хамас не биде разоружан и сите заложници не бидат вратени дома.

Фокусирани сме на тоа што ќе се случи следно“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио, осврнувајќи се на израелскиот напад во Доха минатата недела.

Рубио отпатува во Израел за да му го пренесе на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху незадоволството на САД од неодамнешниот израелски напад врз Доха, Катар, под изговор за напад врз седиштето на Хамас. Во пресрет на состанокот, Рубио објави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за освојување на Газа, како и за намерата на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.

Би можело да ве интересира

Рубио за заканите од Иран: Тие луѓе се луди, тие се религиозни фанатици

А1он

Рубио испрати писмо до дипломатите: „Пренесете ја оваа порака до сојузниците, имате време до петок“

Мерц: Не можам да верувам дека целата сала во Минхен беше на нозе за Рубио, јас не би станал

Катерина Ѓуровски

Рубио: За решавање на конфликтот во Украина, треба да се земат предвид различните гледни ставови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рубио во Берлин и се закани на Европа, анализира CNN

Рубио оди кај Орбан и Фицо