Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп што „го исполни ветувањето дека ќе му ги обезбеди на Израел алатките што му се потребни за да се брани“, како и за соочување со заедничките непријатели и обезбедување мирна и просперитетна иднина.
Белата куќа објави дека ќе му достави на Израел 1.800 бомби тешки по 900 килограми, кои претходно беа блокирани од поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, изјави израелски функционер за „The Jerusalem Post“.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата на социјалната мрежа Truth Social напиша дека „многу работи“ се на пат кон Израел.