Амбасадорот на САД во Израел: Морав синоќа петпати да одам до засолништето

Од:

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, рече дека морал да оди до засолништето петпати во текот на ноќта поради иранските ракетни напади врз Израел.

„Тешка ноќ во Израел“, напиша Хакаби на платформата X утрово, додавајќи дека Шабат, еврејскиот ден за одмор, треба да биде мирен – но „веројатно нема да биде“.

Американскиот Стејт департмент и Пентагон во средатa наредија заминување на небитниот персонал од неколку локации на Блискиот Исток, два дена пред Израел да започне напад врз Иран.

Хакаби е поранешен гувернер на Арканзас, а беше назначен за амбасадор во Ерусалим од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во ноември минатата година.

Тој е познат по својата силна поддршка за Израел и контроверзните изјави, вклучително и дека „Палестинците не постојат“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Соборен е авион, четири члена се мртви

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Погоден аеродромот во Дубаи, евакуација во тек, експлозии во Доха и Тел Авив

Претседателот на Иран објави прекин на огнот по 12 дена

А1он

Млад израелски војник е убиен во ирански напад

А1он

Итен состанок со Путин; иранскиот министер за надворешни работи оди во Москва

Израел уби командант на Кудс силите во Иран

А1он