Зоната Жабени подготвена за инвеститори и нови вработувања

Од:

Заокружена инфрстурктурата во индустриската зона Жабени, кај Битола. Денеска се пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица. Инвестицијата е околу 1,8 милиони евра.

– Двете инвестиции се резултат на соработката меѓу Владата и локалната самоуправа. Со овие инвестиции се заокружуваат главните прашања за инфраструктурата во индустриската зона Жабени, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на пуштањето во употреба на двата инфраструктурни проекти.

Тој додаде дека со нив се решаваат важни проблеми. – Ќе се пречистуваат сите отпадни води од индустриските објекти што ќе работат во Зоната, а со трафостраницата ќе имаат квалитетно снабдување со електрична енергија, рече Пешевски.

Трафостаницата е инвестиција од 80 милиони денари што ја обезбеди Владата, а пречистителната станица е финансирана од локалната самоуправа во Битола во висина од 500 илјади евра.

– Овие капитални инвестиции потврдуваат дека сме најподготвени и дека создаваме услови за нови вработувања. Овој проект ќе го смени животот во општината и цел регион, истакна градоначалникот на Битола Владимир Талевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ