Завршени две карабини на зградите на „Џеваир“

Од:

Турски „Џеваир“ деновиве ги стави плочите и на последниот кат на две од планираните четири кули кои веќе се највисоки згради во Македонија. Со тоа, иако во фаза на карабина, скопјани веќе имаат претстава до каде достигнаат објектите високи 130 метри, јави „Алфа“.

Кулите кои се наоѓаат во скопската населба Аеродром се видливи речиси од секаде и доминираат во панорамата на главниот град, затоа што имаат 40 ката плус приземје и мезанин, но во комплексот е предвиден и трговски центар со бројни содржини. Освен деловен и трговски простор, проектот ќе има околу 1.400 станови, во кои би требало да се вселат околу 5.000 жители.

Земјиштето за зградите „Џеваир“ го купи од државата за 4.700 денари од квадрат или вкупно околу 2,6 милиони евра. На денот кога почна изградбата, сопственикот на турската компанија процени дека инвестицијата ќе тежи 300 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции