Втор Глабален инвестициски самит на Македонија 2025

Од:

Македонија 2025 во октомври ќе организира нов Глобален инвестициски самит, кој ќе ќе биде насочен кон зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење.

Вториот Глобален инвестициски самитќе се одржи од 3 до 6 октомври. Учесниците ќе дискутираат за клучни прашања поврзани со конкурентноста на Македонија,  како и за инфраструктурата и енергијата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар и ефикасноста на пазарот на работниците. Самитот ќе прикаже успешни стратегии за лидерство, претприемништво и иновација кои се применливи на глобалните пазари, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на македонските производи и услуги.

Настанот и овој пат ќе собере на едно место високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија. Ќе понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и ќе ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во инфраструктурата, транспортот и развојот на ICT инфраструктура, природните ресурси, енергијата и обновливата енергија, производството и истражувањето и развојот на човечки ресурси.

Самитот ќе понуди и серија на лидерски и мотивациски говори, работилници на темите иновација, претприемништво, истражување и технологија. За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови настани за поврзување и дружење.

Првиот Глобален инвестициски самит меѓу бизнис дијаспората и македонската бизнис заедница, Македонија 2025 го организираше минатата година во Охрид. На Самитот учествуваат повеќе од 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници. Дури 90 отсто од присутните  ја истакнаа важноста и потребата од одржување вакви годишни бизнис собири кои стимулираат динамичен економски развој.с

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски